×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Распишана потерница по Груевски

    12.11.2018 21:37 | KumanovoNews

     Основниот суд Скопје побара од МВР да издаде потерница по екс премиерот Никола Груевски, откако неколку дена не можеше да го најде и да му врачи решение сам да се упати во затвор.

    Распишана потерница по Груевски

    „Ве известуваме дека Основниот суд Скопје 1 издаде наредба за приведување на лицето за кое прашувате и на 12.11.2018 во 16.30 часот ја достави до СВР Скопје и побара издавање на потерница. Министерството за внатрешни работи веднаш откако му беше доставена, постапува по наредбата“ се вели во соопштението.

    Груевски требаше во петокот доброволно да се јави на издржување на двегодишната затворска казна за незаконската набавка на луксузниот мерцедес од парите на МВР, која се случила откако побарал од сега осудената Гордана Јанкулоска да се набави за него токму мерцедес С-гард, иако, имало и поевтини блиндирани возила од други марки, стои во пресудата од Основниот суд Скопје 1, потврдена од Апелација.