×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Размислување на глас: Нешто многу ве доболело

    10.01.2011 11:14 | KumanovoNews

     (реaкција на текстот под наслов „Ароганција или квазипатриотизам?„ од Марина Манојловска)

    Размислување на глас: Нешто многу ве доболело

     Почитувана колешке, уште од самиот наслов на вашата реакција гледам дека нешто многу ве погодило, па сте се изгубиле во простор, време и личности, и не сте начисто дали сте арогантна или квазипатриот. А, при тоа не гледам дека сте ми одговориле на поставените прашања и тези во мојата колумна.

    Доколку вие имате причина да се сомневате во вашиот патриотизам јас, НЕ, бидејќи и 1999 година, кога беше бомбардирањето на Србија, и мојата татковина се соочи со бегалска криза, и 2001 година кога беше соочена со воена криза јас бев во униформа на македонската армија и го дадов мојот скромен допринос во нејзина одбрана, како и мојот дедо кој загинал на Сремскиот фронт 1945 година за слободна Македонија. И со тоа на дело ја докажав мојата љубов кон татковината и патриотизмот.

    Доколку алудирате дека сум бил член на ВМРО-ДПМНЕ, па на ВМРО-НП, па пак на ВМРО-ДПМНЕ заради лични интереси, тогаш како прво и двете патрии се со ВМРО – вски преднзнак,и двете се десничарски и демохристијански партии, но со различни политички платформи, но не и со различни идеолошки матрици. Така да, сум бил и ке бидам идеолошки доследен, а пак за лични интереси нема ниту збор, бидејќи ниту јас ниту пак моето најблиско семејство немаме, ниту пак сме имале било какви бенефиции или функции.Кога веќе го споменувате Љупчо и го браните, тогаш можам само да заклучам дека се согласувате со неговите позиции за поделба на територии и размена на луѓе и како него се чувствувате како Бугарски-Македонец.

    Кога пак ги споменувате приватизациите на некои фирми во нашиот град да ве потсетам дека заради тоа некои луѓе се осудени или се води сеуште судска постапка против нив. Додека вашиот лидер Бранко заради некои криминални деанија, вашите истакнати членови ги амнестираше, додека беше претседател и сега се шетаат низ Македонија заканувајќи се дека “ЌЕ ЈАДАТ ЖИВИ ЛУЃЕ”.  И немојте воопшто да се плашите драга колешке, ниту вие ниту било кој член, активист или симпатизер на СДСМ, кои се чесни, вредни и одговорни, нема да им фали ниту влакно од главите,”Бартоломејската Ноќ” не се однесува за чесните СДСМ-овци. Вие само се обидувате борбата против корупцијата и криминалот да ги генерализирате и со тоа да ја манипулирате јавноста. Но тоа нема да ви мине бидејќи и голем број на наши активисти, членови па и градоначалници се најдоа исправени пред истражните органи. Така да воопшто не станува збор за селективност, тоа е уште една ваша алузија и манипулација.  Така да уште еднаш кога ќе сакате да одговорите на некоја моја колумна, драга советничке, обидете се да одговорите на моите прашања или тези во колумната, немојте со лични квалификации, бидејќи лично не ме ни познавате, воопшто. А кога ќе сакате да зборувате во името на македонскиот народ сете те се дека тој е многу поголем од било која партија или било кој партиски активист. Пред неговата големина и вечноста можеме само да се поклониме и да учиме од неговата мудрост и истрајноста низ вековите наназад.

    Почитувани мои сограѓани нека ви е честит Божиќ и Христовото раѓање.Нека Бадниковиот оган ви ги исполни срцата, душите и вашите домови со среќа и радост. ХРИСТОС СЕ РОДИ. Да сте ми живи и здрави.

    др.Стефан Трајановски

    советник во Советот на Општина Куманово од ВМРО-ДПМНЕ