×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Референдумот е за државата не e за владата, порача Димитров од Куманово

    05.09.2018 08:02 | KumanovoNews

    Референдумот не е за работата на Владата, туку за иднината на државата, и затоа ги повикувам граѓаните на 30 септември да излезат и да дадат подршка за влез во НАТО и ЕУ, - рече министерот за надворешни работи Никола Димитров, синоќа пред кумановци на трибината насловена „Излези За европска Македонија“.

    Референдумот е за државата не e за владата, порача Димитров од Куманово

    - За овие 14 месеци нема поголем дипломатски и политички успех од тоа што успеавме да го решиме проблемот со соседите Грција и Бугарија, и на тој начин го заштитивме најважното, кои сме и каков јазик зборуваме. Македонија ни е името, ја конкретизиравме, кажуваме дека нашата Македонија е различна од вашата во Грција. Си најдовме клуч да ја отклучиме вратата во која бевме заклучени долги години, цела една генерација,рече Димитров.

    Министерот најави дека наредната година ќе влеземо во НАТО, со што ќе се зголемат инвестициите во државата како што тоа било случај и со другите држави во регионот.  Тој најави странски инвестиции и во Куманово и во целата држава, бидејќи многу време е изгубено на решавање на спорот со името.

    - Наша одговорност е каква ќе биде Македонија за 5 или 10 години. НАТО значи оваа држава е тука да остане во овие граници. За Македонија значи да не има во овие граници, да не се чудиме дали ќе не биде. ЕУ значи со мудра политика идната година, треба да почнат преговорите и ќе рипнат фондови. Сега дневно добиваме 260.000 евра помош. Овде во Куманово реконструкцијата на канализациската мрежа е финасирана со европски пари, делницата кон Миладиновци е изградена со европски средства. Ќе има повеќе фондови, но ќе има камшик за политиката. Реформите мора да се спроведат и ќе има мониторинг на работата на судовите, обвинителите, Владата да биде поефикасна,- рече Димитров.

    На трибината зборуваше и градоначалникот Максим Димитриевски, кој рече дека големото присуство на граѓани во салата на Центарот за култура, покажува дека граѓаните веќе се определиле за европска Македонија.

    -  Куманово е единствено и обединето дека чекори по вистинскиот пат. Патот на прогресот за европско Куманово. Евроатланскиот сојуз е перспективата и стабилноста на Македонија. Европа е иднината на сите нас. Бидејќи ние друг пат немаме. Ние имаме национален консензус дека влез во европското семејство. Затоа ќе ја дадеме подршката за европско Куманово, - изјави Димитриевски.

    Пратеничката Лидија Тасевска, смета дека со подршка на референдумот Македонија почнува ново поглавје во својата историја.

    - Сега е време за мудра, решителна и правилна одлука. Време да ја искористиме историската шанса и да влеземе во семејството на развиените демократски земји. Да бидеме рамноправни со нив. Да бидеме заштитени со македонскиот јазик, македонскиот идентитет, македонското државјанство, - рече Тасевска.

    Трибината ја отвори претседателот на општинската организација на СДСМ Куманово, Мартин Костовски, кој верува дека Куманово ќе гласа за референдумот и ќе донесе 45.000 гласа, бидејќи е време и оваа генерација да донесе одговорна одлука како што тоа го правеле нашите родители и предци.