×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Реконструиран објектот кој ќе се пренамени во туристички центар

    16.10.2018 19:44 | KumanovoNews

    Заврши реконструкцијата на поранешниот задружен дом во селото Младо Нагоричане, во кој ќе биде сместен туристичко-информативен центар за промоција на туристичкиот потенцијал на Општината Старо Нагоричане.

    Реконструиран објектот кој ќе се пренамени во туристички центар

    Проектот се реализира преку ИПА програмата за прекугранична соработка на Општините Старо Нагоричане и Општина Рила во Бугарија.

    - Најважно е да се подигне свеста кај локалното население за развој на туризмот во Општина Старо Нагоричане и во целиот регион. Со овој проект ќе создадеме услови на најдобар начин да привлечеме поголем број туристи. Идејата е кога ќе дојдат туристите на едно место да видат која е понудата на општината, а потоа да одлучат што сакаат да посетат. Проектот предвидува изработка на носии, обука за практикување на стари занаети, видео презентација на туристичкиот потенцијал, изработка на пропаганден матерјал, цд и флаери, - изјави Јовановска.

    Вредноста на проектот за меѓугранична соработка е 498.000 евра, од кои 274.000 се за Старо Нагоричане, а останатите за Рила.

    - Ние веќе го завршивме проектот, ја обновивме цркавата Свети Архангел Михаил во рамките на Рилскиот манастир. Искрено се надевам дека соработката ќе продолжи, бидејќи мислам дека овој проект е добра основа за идно партнерство,- изјави Вера Илкова, проектен менаџер од Општина Рила, која со уште двесетина свои сограѓани дојде во посета на Старо Нагоричане.

    Во следната фаза од проектот, која ќе продолжи наредната недела, ќе следи целосно уредување и опремување на туристичкиот центар за видео и аудио презентација, поставување на макети, текстови и слики, заради преставување на убавините на Општина Старо Нагоричане пред домашните и странски туристи. Предвидена е и изработка на официјална страница, со која ќе се промовира центарот.

     Менаџерот на проектот Далибор Тасевски,  се надева дека со отворање на туристичкиот центар ќе се направи поголема популaризација на општината.

    Општината Старо Нагоричане, е препознатлива по богатото културно-историско наследство. Најзначајни споменици се црквата „Св. Ѓорѓи”, мегалитската опсерваторија Кокино, меморијалниот центар АСНОМ, манастирите Забел и Карпино, Костоперска карпа и други други локалитети и цркви, но туристичкиот потенцијал не е искористен.

    На денешната свеченост, лентата ја пресекоа градоначалничката на Општина Старо Нагоричане Жаклина Јовановска и проект менаџерот Далибор Тасевски, во присуство на голем број гости од Старо Нагоричане, Куманово, Крива Паланка и Рила.