×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Реконструирани и обновени повеќе објекти на МВР

    17.08.2018 08:01 | KumanovoNews

    Министерството за внатрешни работи минатата година интензивно работеше на реконструкција и санација на голем број објекти, со цел подобрување на условите за работа на вработените.

    Реконструирани и обновени повеќе објекти на МВР

    Како што соопштуваат од МВР, направено е обновување на ресурсите за работа во Управните служби во Куманово, Полициското одделение во Јегуновце, Полициската станица во Ѓорче Петров, Железничкот граничен премин во Гевгелија и Полициската станица од општа надележност во Струга.

    -Со несмален интензитет и годинава продолжуваат со реализација на зацртаните градежни активности за подобрување на условите за работа на вработените во МВР.По пат на отвoрена постапка со критериум за доделување на договор најниска цена склучен е договорот за јавна набавка „Услуги за тековно одржување на објекти на МВР, УБК, ЦПС, БЈБ и гранична полиција на цела територија на Република Македонија со изведба на градежни, градежно- занатски, занатски, инсталатерски и други работи“. По склучување на договорот веќе се започнати градежни активности во неколку секторите за внатрешни работи ширум земјава и тоа во: СВР Битола, СВР Велес, ПО Галате, ПО Зајас, ПС Кичево, ПС Драчево, Касарна Ѓорче Петров- ЕБР, МТВ управни служби, Ценарот за обука Идризово и СВР Скопје, информираат од МВР.