500x100-1
25. 06. 2019 09:58

Реновирани канцелариите на Пазарната инспекција

Реновирани канцелариите на Пазарната инспекција

Државен пазарен инспекторат - Одделение за инспекциски надзор Куманово, на почетокот на наредниот месец ќе продолжи со работа во реновирани работни простории, во зградата на Црвен крст.

 Со реконстрикцијата се опфатени 250 метри квадратни деловен простор, вложени се над 70.000 евра , средства обезбедени од турската невладина организација ТИКА.

„Просториите се целосно реновирани, од подовите, преку електричната инсталација, прозорците, вратите и санитарните јазли. Обезбеден е и нов канцелариски мебел, клима уреди, компјутери и принтери. Направен е и нов распоред на просториите, а новина е што ќе имаме посебна канцеларија за инспекторите каде ќе ги примаат странките, со што ќе се исполни барањето на граѓаните за анонимност и дискретност при пријавување на случаите. Исто така за првпат имаме архива каде што електронски ќе се водат сите пријави и случаи, а двојно е зголемен и магацинскиот простор, - изјави Рами Емини, раководител на Пазарната инспекција.

Тој додава дека новите работни простории се по европски стандарди, поради што за сто отсто ќе се зголеми квалитетот на работењето, а се обезбедува дискретноста и безбедноста при работата. Одделението денеска ќе добие и две возила од Инспекторатот за работа на терен.

Во Одделението за инспекциски надзор Куманово, вработени се 8 инспектори, а по систематизација треба да бидат 12. Покрај подобрување на условите за работа од Пазарниот инспекторат се надеваат дека наскоро и кадровски ќе зајакнат и ќе се подмладат, бидејќи вработените во одделението се на горната старосна граница и пред пензија.