500x100-1
08. 06. 2019 10:14

Реновирано детското игралиште во Соколана

Реновирано детското игралиште во Соколана

Во рамки на проектот „Волонтирај-резултирај“, членовите на младинската организација Креатор, во соработка со Општина Куманово и УНДП го обновија детското катче во градскиот парк Соколана.

Во реконструкцијата на детското катче учествуваа 120 средношколци – волонтери од сите средни училишта во Куманово.

Во рамки на санцијата е истампониран теренот и е поставена нова подлога, како и пет нови играчки, лулашки и клацкалки. Постоечките реквизити се санирани, со што ова детско катче доби целосно нов изглед.