×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Република Северна Македонија?

    12.06.2018 10:05 | KumanovoNews

    Република Северна Македонија е решението за спорот за името кое го договориле премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас во текот на едночасовниот разговор вчера, јавуваат грчките медиуми.

    Република Северна Македонија?

    Според истите извори решението содржи предлог Република Северна Македонија со превод на англиски, за севкупна употреба, како и македонски јазик со превод на англиски јазик.


    Македонскиот јазик е признат, со забелешка дека Северна Македонија признава во договорот дека јазикот е со словенско потекло. За националноста, ќе стои терминот „македонска/граѓанин на Република Северна Македонија“, исто така, со забелешка дека граѓаните на земјата не се поврзани со античка Македонија.

    За денеска е закажан нов телефонски разговор помеѓу премиерите Заев и Ципрас по кој веројатно ќе биде појасно дали и колку Македонија и Грција се блиску до историски договор околу деценискиот спор за името.