×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ретроспективно-монографска изложба на уметникот Реџаи Исени

    18.10.2019 06:10 | KumanovoNews

     Во Уметничката галерија на Куманово, вечерва во 20 часот, ќе се одржи ретроспективно-монографска изложба на уметникот Реџаи Исени, чиј автор е Гоце Божурски.

    Ретроспективно-монографска изложба на уметникот Реџаи Исени

    Ова изложба се спроведува со цел да се прикаже, пред јавноста, творештвото на Исени, кое е со големи естески вредности и да го заземе заслуженото место и улога во тековите на нашата современа уметност.

    Реџаи Исени е роден 1939 година во с. Матејче и целиот живот го поминал во родното село се` до смртта во 2018 година. Завршил Учителска школа во 1958 година, а Педагошка академија 1965 во Скопје во класата на Вангел Коџоман. Неговото творештво од крајот на шеесеттите години припаѓа на кубизмот, а тој е од нашите сосема ретки автори кои негуваат варијации на овој израз.

    За творечкиот опус на авторот Националната галерија на Македонија (каде што во септември беше поставена истата изложба) објави и монографија со текст од историчарот на уметност и сликар Гоце Божурски, кој го има истражувано опусот на Реџаи.