×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Рибарите си избраа кум(че)

    19.01.2011 14:10 | KumanovoNews

    Спортските риболовци од Куманово - членови на СРД „Пчиња„ верскиот празник Водици го прославија традиционално пред ресторанот на спортско - рекреативниот комплекс на кејот на реката Кумановка.

    Рибарите си избраа кум(че)

    Завртеа рибарите прасе на ражен, наредија трпеза со пивтии и риба, со туршија, вино и ракија, си наздравија и си пожелаа берикетна риболовна сезона, си се испофалија кој колку и колкави риби фатил минатата година и на крајот си избраа кум за 2011 година.

    Среќата посака со спортските риболовци оваа година да кумува 12 - годишниот Аритон Величковски кому му се падна парката при кршењето на традиционалната рибарска погача.

    „Незнам како се кумува, но татко ми ќе ми каже. Од денес сакам да станам и јас спортски риболовец‘‘ - изјави кумчето на кумановските рибари.

    Празникот на спортските риболовци им го честита претседателот на СРД „Пчиња„ Бранислав Димовски.

    Ова е четврта година како организираме оваа прослава, со избор на кум и сечење на колач.Овој ден го празнуваме и не одиме на рибарење поради тоа што се осветуваат водите. Посакуваме како друштво, а тоа е ни нашата цел да имаме почисти и порибени реки во оваа година - вели Димковски.