×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • РК Вардар по втор пат е шампион на Европа!

    02.06.2019 18:13 | KumanovoNews

    Ракометарите на Вардар направија уште едно изненадување и по втор пат станаа европски прваци во ракомет.

    РК Вардар по втор пат е шампион на Европа!

    Во финалниот натпревар тие беа подобри од Веспрем со резултат 27-24(16-11). По вчерашниот кам-бек против Барселона, Вардар најде сили да одигра феноменален меч против Веспрем.

    Вардарци одиграа перфектно прво полувреме и му покажаа на противникот дека нема лесно да се предадат, по што заминаа на полувреме со 5 гола предност. Цврстата одбрана и луцидниот напад, го матираа Веспрем кој беше во игра исклучиво на индивидуален квалитет.

    По паузата следуваше криза во македонскиот состав. Ненадиќ во нападот и Штербик на голот внесоа сигурност во тимот на Веспрем кој ја за кратко време ја смали разликата на еден гол и ја врати неизвесноста. Одбраните на Милосављев, головите на Кристопанс и Чупиќ го трасираа патот на Вардар кон европската титула, а пред се големото срце на целиот тим предводен од тренерот Парондо, кој маестрално ја постави играта за втора титула на Вардар во најквалитетното клупско ракометно натпреварување.

    Пикерот Мораеш беше најефикасен во Вардаровиот тим со шест гола и вистинско изненадување на мечот, погодувајки токму кога беше најпотребно. Кај Веспрем шест гола постигна Мае.