×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Родителите не ги пуштаат децата на училиште за да ја избегнат теренската вакцинација

    24.04.2019 13:34 | KumanovoNews

     Слаб е одзивот на учениците за теренската вакцинација на децата со вакцината МРП (морбили, рубеола, паротит) во основните училишта во Куманово, која почна од вчера.

    Родителите не ги пуштаат децата на училиште за да ја избегнат теренската вакцинација

    Според директорот на Здравствениот дом Куманово, Адријан Афузи, при вчерашната посета на основното училиштето „Крсте Мисирков“, 80 отсто од невакцинираните деца не дошле на училиште.

     „Многу е слаб одзивот. Родителите не ги пуштаат децата да дојдат на училиште, под изговор дека се болни.  Ние немаме начин да ги натераме. Вчера 80 отсто од учениците не се вакцинирани, денеска ќе видиме како ќе поминат екипите во „Браќа Миладиновци“, - вели Афузи.

    На терен работат две екипи, кои утре ќе ги посетат училиштата Наим Фрашери и Бајрам Шабани.

    Теренска вакцинација со вакцината за мали сипаници беше најавена минатата недела, откако беше прогласена епидемија во целата држава, како една од мерките да се стави крај на ширење на болеста, која може да остави тешки последици по здравјето. Од почетокот на епидемијата во Скопје, која беше прогласена на почетокот на годината, од компликации од мали сипаници починаа три деца, кои поради возраста и здравствената состојба не можеле да бидат вакцинирани.