×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Роднините и пријателите се простија од Горан Стојковиќ

    14.01.2015 12:56 | KumanovoNews

    Роднините, пријателите и сопратијците денеска се простија од Горан Стојковиќ, генералeн секретар на ДПСМ и директор во АД „Гама„, кој ненадејно почина во неделата на 42 години.

    Роднините и пријателите се простија од Горан Стојковиќ

    На комеморацијата организирана во негова чест, говореше претседателот на ДПСМ, Иван Стоиљковиќ кој кажа дека Куманово и Македонија загубија вреден човек, вистински професионалец, а КУД “Српски вез“ го загуби својот патрон. Стоиљковиќ за својот прв соработник и сопартиец рече дека се знаат уште од детството, и ќе го памети како голем човек.

    Горан беше вистински Србин. Беше чесен, секогаш исправен како неговите тополи во Речица и цврст како камен од Зебарњак. Секогаш беше сигурен во неговите убедувања и во она што го работи. Куманово го изгуби својот искрен заљубеник. Горан многу го сакаше Куманово и се сеќавам дека како директор го правеше проектот за гасификација на Куманово, и подоцна учествуваше во дел од неговата реализација. Кога стана директор на Македонија пат, повеќето средства на таа државна компанија ги насочуваше во нашиот крај и учествуваше во реализација на многу инфраструктурни проекти, врзани за Куманово и неговата околина. Со него се разбиравме без да зборуваме, со поглед  - рече Стоиљковиќ во своето емотивно обраќање.

    На комеморацијата присуствуваа претставници од општините Куманово и Старо Нагоричане,  повеќето политички партии, советници, вработени во јавни претпријатија и други.

     Телеграми со сочувство до семејството Стојковиќ испратиле Претседателот на Република Србија, Претседателот на Владата на Република Македонија, Претседателот на Република Српска, Министерството за надворешни работи на Република Македонија, Амбасадата на Република Србија и српската дијаспора.

    Посмртните останки на Стојковиќ се погребани во 14 часот на Градските гробишта во Куманово.