×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ромите на протести ги бараат исчезнатите деца

    19.04.2010 14:51 | KumanovoNews

     Стотина роми од кумановските населби „Средорек„ и „Бавчи„ излегоа на протест по улиците во  градот со цел да го свртат вниманието на надлежните институции за поголемо ангажирање и пронаоѓање на исчезнатите деца.

    Ромите на протести ги бараат исчезнатите деца

     Подршката на протестот му дадоа и невладините ромски организации и политичките партии во Куманово. Едночасовниот марш заврши пред СВР Куманово, каде Ромите оставиа цвеќиња,со што сакаа да ја покажат нивната мирољубивост како народ.

    Единствени сме во нашата цел, бараме да се пронајдат исчезнатите дечиња. Знаеме дека МВР може да превземе поконкретни мерки кои ќе дадат резултати. Апелираме и до останатите надлежни институтции да се вклучат во потргата и да се спречи оваа појава на грабање и киднапирање на ромките децата и нивните родители да спијат бездебно и спокојно. Ние Ромите не сме граѓани од втор ред, важиме за мирољубив и лојален народ, не сакаме насилство, сакаме имаме еднаков третман од институциите како и останатите граѓани-изјави Рамиз Османовски- организатор.

      Жителите од ромските наслеби се сомневаат дека зад исчезнувањето на двете деца стои организирана група. Тврдат дека деновиве повторно било забележано сомнително возило со бугарски таблички близу училиштето во населбата „Перо Чичо„, каде голем дел од ромските деца посетуваат настава.

    Крималци се шетаат по ромските населби, се плашиме да не исчезне уште некое дете. Страв ни е да ги пуштаме на училиште или на улица. Единствена надеж ни е полицијата од која бараме заштита, но и да се пронајдат сторителите кои ги грабнаа Дани и Мирсаде - вели еден од жителите на Бавчи.

      Петгодишните деца Дани Мемеди и Мирсаде Хамидовиќ исчезнаа за 15 дена, и засега нема никаков трг од нив.Организаторите најавија дека протестите ќе продолжат додек не дознаат што се случило со децата.