×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ротаријанци ќе ja чистат „Октомвриска“ од ѓубре

    11.05.2018 07:00 | KumanovoNews

     Членови на Ротари клубот Куманово, утре (сабота) ќе спроведат еколошка акција за чистење на булеварот „Октомвриска револуција“.

    Ротаријанци ќе ja чистат „Октомвриска“ од ѓубре

    Акцијата за собирање и селекција на отпад ќе започена во 10.30 часот, а се организира во соработка со „Пакомак“ и ќе се одвива паралелно во 13 градови во земјава, во кои има Ротари клубови.

    Акцијата под мотото „Ракавици, кеса, селекција – сите во екоација!“ е замислена да го одбележи првиот Ротари ден во Македонија. Главната цел на ротаријанците е да се подигне свеста за чиста околина, селекција на отпадот и значењето да се има чист град, како и дружба на членовите на клубот меѓусебе и со сите активни граѓани кои ќе се вклучат на акцијата.

    Еко-акцијата ќе се одвива паралелно во: Куманово, Скопје, Велес, Кочани, Виница, Тетово, Неготино, Штип, Прилеп, Кавадарци, Св. Николе, Битола и Охрид.

    Ротари клубовите од цела Македонија ги покануваат граѓаните во споменатите градови да се приклучат на екоакцијата и со овој мал чекор, заедно, преку дружење да овозможат почиста средина за живеење.