×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Салата „Панко Брашнаров“ наскоро во функција

    25.01.2010 16:35 | KumanovoNews

    Агенцијата за млади и спорт ја обезбеди потврдата за атест на кровната челична конструкција на спортската сала „Панко Брашнаров“ во основното училиште „Магдалена Антова“, што беше неопходна за издавање на употребна дозвола на салата.

    Салата „Панко Брашнаров“ наскоро во функција

    Директорот Драган Ѓурчевски денеска во Куманово објави дека документот е добиен на 15 јануари годинава, со што се отстранети сите пречки спортскиот објект да започне да се користи.

    Агенцијата за млади и спорт во петокот ни достави атест за кровната констукција, но недостасува уште проектот за изведба на конструкцијата. Се договоривме со директорот, утре да ни го пратат проектот, по што Комисијата за технички прием ќе ја разгледа комплетираната документација и ќе одлучи дали ќе издаде употребна дозвола - вели Лидија Ланг - Спасовска од Секторот за урбанизам во Општината Куманово.

    Ѓурчевски по денешната посета на салата се сретна и со претставниците во Општината за да се договарат за понатамошната соработка и да ги надминат недоразбирањата.

    Ние ќе направиме се, зеднички да ги решиме сите проблеми. Најважно е учениците, младите луѓе и рекреативците што поскоро да влезат во оваа спортска сала, општината да издаде употребна дозвола и да започне да функционира, бидејќи гледате дека кога нема кој да се грижи, таа ќе почне да се пропаѓа - рече директорот.

    Директорот Ѓурчевски и неговите соработници денеска одиграа баскет за да ја севтосаат салата.