×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • СДСМ ќе бара утврдување на сопственоста на зградата на „Комитет“, најави Костовски

    09.08.2018 13:34 | KumanovoNews

    Претседателот на општинската организација на СДСМ, Мартин Костовски, најави дека неговата партија ќе поведе судска постапка заради утврдување на сопственоста на зградата на поранешен „Комитет“, по обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ за нетранспарентен начин на издавање на деловните простории за партиски и бизнис потреби.

    СДСМ ќе бара утврдување на сопственоста на зградата на „Комитет“, најави Костовски

    „Сакам да ја знаете фактичката состојба за сопственоста на зградата на поранешен Комитет. Во идниот период ОО на СДСМ – Куманово преку поднесување на тужба до Основен Суд во Куманово ќе бара утврдување на сопственост за посочениот објект. Бидејќи како партија – наследник на Сојузот на комунисти, СДСМ има право на поседување и управување со конкретниот имот. Тоа што вашата партија на крајно нетранспарентен начин се стекна со право на владение на просторот на поранешна „Томбола“ и истиот го користи како прес центар, притоа не поседувајќи доказ за сопственост и владение е доказ за вашите обиди да манипулирате со граѓаните, - стои во одговорот на претседателот на СДСМ, Костовски.

    Тој додава дека новото раководство на општинскиот комитет на ВМРО - ДПМНЕ  се занимава со депласирани теми, наместо да дадат јасни визии и насоки за подобар живот на граѓаните на Куманово.