Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во пресрет на големиот христијански празник Божиќ, утревечер Општинската Организација на СДСМ Куманово традиционално, по 15 пат организира прослава на Бадник на Градскиот плоштад.
Со богата културно- уметничка програма, ќе биде запален традиционалниот бадниковиот оган и ќе бидат поделени бадниковите лепчиња со 10 сребрени и една златна паричка. Прославата на Бадник ќе започне во 21 часот на градскиот плоштад и ја користиме оваа прилика да ги поканиме сите наши сограѓани да излезат на градскиот плоштад и да го прославиме Бадник сите зааедно по петнаесети пат - рече портпаролот Дарко Станојковски.
Во културно-забавната програма ќе настапат кумановските музичари: Нино Величковеки, Маргица Антевска, Боби Серафимовски, Чапај, Кумановски тамбураши, дувачкиот оркестар Зејнелови и др.