×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • СДСМ организира прослава на Бадник на Градскиот плоштад

    04.01.2019 15:28 | KumanovoNews

     Општинската организација на СДСМ Куманово, задутре на Градскиот плоштад ја организира традиционалната прослава на Бадник.

    СДСМ организира прослава на Бадник на Градскиот плоштад

    Прославата ќе започнe во 21 часот, при што на граѓаните ќе им се поделат бадникови лепчиња и овошје и ќе се запали бадникарскиот огин.

    Како и секоја година на граѓаните ќе им бидат поделени 500 лепчиња, во кои ќе има еден златник и 10 сребреници, како и овошје.  Прославата ја организираме 25 години по ред што е навистина голема традиција, која има интенција да завземе значајно место на мапата на културни манифестации во Куманово. Ве канам на Бадник, по завршување на домашните обичаи, делење на паричката во своите домови, да излезете на Градскиот плоштад, да се дружиме и да го прославиме Христовото раѓање - Божиќ, - изјави Мартин Костовски, претседател на ОО СДСМ Куманово.

    Костовски  на сите сограѓани од православна вероисповест им го честиташе големиот христијански празник.

    Манифестацијата ќе биде збогатена и со музичка програма на која ќе настапи музичарот Александар Митрички.