×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • СДСМ организираше пикник во Куманово

    11.10.2019 11:55 | KumanovoNews

    Со војничко гравче, денеска беа пречекани гостите и сите граѓани, кои дојдоа на пикникот што СДСМ го организираше по повод прославата на 11 Октомври.

    СДСМ организираше пикник во Куманово

    Присутните ги поздрави секретарот на СДСМ Љупчо Николовски, кој рече дека нема поголема чест од тоа да се обрати во присуство на целото раководство на СДСМ, токму од Куманово, градот херој кој не само што беше меѓу првите во народното востание туку ги даде и најголемиот број на народни херои.

    „Заветот од учесниците на НОБ, она за што се изборија, а тоа е слободна и напредна држава во сојуз со прогресивните сили, мора да го чуваме и сите да бидеме посветени на тоа. После 78 години повторно сме на чекор од остварување на уште една стратешка, национална, граѓанска цел: членство во НАТО и ЕУ. Е тоа е вистинскиот патриотизам на денешното време, на денешната историја и на овие генерации. Затоа велиме дека сме на прав пат. Продолжуваме, по патот на слободата, еднаквоста, патот на сигурноста, - ги поздрави гостите секретерот на СДСМ, Љупчо Николовски.

    Организаторите најавија дека во иднина пикникот ќе стане традиционален.