500x100-1
19. 04. 2019 16:18

СДСМ: Потребен ни е претседател кој е проевропски ориентиран

СДСМ: Потребен ни е претседател кој е проевропски ориентиран

„Mасовно да излезете на гласање  на 21 април и да го поддржиме кандидатот за претседател на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски“, повикуваат од општинската организација на СДСМ Куманово.

„Нашата држава која е исправена пред многу предизвици конечно го започна вистинскиот пат. Тоа е Европската Унија и НАТО. Реформската влада предводена од СДСМ ги започна тие процеси, кои ќе и донесат преспектива на нашата земја. Затоа сега ни е потребен претседател, кој ќе биде проевропски ориентиран, личност која ги препознава интегративните процеси во државата и личност која со своето знаење и искуство ќе допринесе Република Северна Македонија да зачекори кон иднина. Процесот кој е започнат во нашава држава потребно е да продолжи се со цел младите кои се тука да ги почувствуваат придобивките од донесените решенија, а повозрасните да имаат сигурна иднина, - стои во соопштението од СДСМ.

Стево Пендаровски е човекот кој секако има визија за да ја направи нашата земја место во кое ќе се случат позитивни промени. Тој ќе биде претседател на сите и ќе работи на обединување, на просперитет и интеграција. Република Северна Македонија е држава на сите и затоа е потребно да се обединиме без разлика на вера, нација, пол и да покажеме дека оваа држава е на секој од нас. Затоа уште еднаш ве повикуваме да излеземе сите на 21 април во недела и да заокружиме за бројот три, да покажеме уште во првиот круг дека све за иднина и да добиеме претседател со кој нашава земја ќе се гордее, - се наведува во соопштението.

Parking
Joco Turs
NER
stuz