×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • СДСМ: Преземаме сериозни мерки за намалување на аерозагадувањето во градот

    31.10.2019 15:50 | KumanovoNews

    Од општинската организација на СДСМ Куманово, денеска на прес-конференција ги презентираа мерките, кои општината и државата ги преземаат за намалување на загадениот воздух во градот.

    СДСМ: Преземаме сериозни мерки за намалување на аерозагадувањето во градот

    Како најзначајни беа посочени мерките за гасификација на Општата болница во Куманово, како и за субвенционирање на граѓаните за гасификација на домаќинствата.

    „Се врши аеросоларизација на воздухот во централното градско подрачје каде концентрацијата на ПМ10 честички е најголема, со што директно брзо и едноставно се влијае на зголемувањето на квалитетот на воздухот. Исто така, градоначалникот и Општината Куманово, заедно со ЈП „Чистота и зеленило“ засадија и над 100 дрвца на локација на ул. „Октомвриска револуција“,кај Mај Макет и речното корито, како и пред автобуска станица и „Уред“, а во наредниот период следуваат уште еко-акции за разеленување и прочистување на градот. Оваа година засадени се околу 8.000 зимзелени и листопадни садници на различни локации на подрачјето на Општина Куманово, а до крајот на годината се предвидува да се засадат уше 800“, - изјави на прес-конференцијата Катерина Пешиќ Бошковска, портпарол на ОО СДСМ Куманово.

    Таа додаде дека од страна на Општината ќе биде ангажирано и независно правно лице за следење на аерозагадувањето на повеќе локации во градот и со тоа ќе се детектираат најголемите причинители на загадувањето на воздухот, со цел да се спречи енормното загадување, а Владата донесе одлука и Општина Куманово да биде вклучена во субвенционирање за инвертер клими.