×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да каже колку народни пари ќе потроши за прослави и споменици

    06.05.2010 15:09 | KumanovoNews

     Од општинската организација на СДСМ денеска ги отфрлија наводите на ВМРО-ДПМНЕ за нерационално трошење на парите на граѓаните и побараа нивните политички опоненти да кажат, колку сретства ќе потрошат за прослава на роденденот на партијата, изградбата на спомениците и  задолжување со еврообврзниците.

     

    СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да каже колку народни пари ќе потроши за прослави и споменици

    Претседателката Снежана Захариева на денешната прес-конференција, одговарајќи на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ, објасни и за студиските патувања на советниците, капиталните инвестиции во Општината и цената на паркингот.

      Во Буџетот на Oпштината за студиски патувања предвидена е сума од 400 000 денари што беше предложена од страна на претседателот на Комисија за буџет и финансирање, кој е советник од вашата партија. Советот и во претходните мандати реализирал патувања во странство како начин на размена на искуства со други општини. Банско и Сандански се примери како со инвестирање во СПА-центри станале туристички центри. Зошто Куманово да не размислува во тој правец? Вакви посети реализираа и советниците од други општини. Вашите колеги од ВМРО ДПМНЕ немаа потреба да купуваат политички поени кај гласачите со тоа што ќе останат дома. Тие се дел од советот и заедно носат одлуки за проекти и инвестиции со советниците од СДСМ и другите партии, но имаат и заедничка одговорност- рече Захариева.

    Од партијата сметаат дека капиталните инвестиции од 7 одсто во првите три месеци од годината се слични со минатите години, бидејќи во тој период се распишуваат тендери, а и временските услови не дозволуваат да се работи на терен.

     Го спомнавте и зонското паркирање кое има за цел да го растерети сообраќајниот метеж во централното градско подрачје. Временското ограничување од 2 часа е доволно да се заврши одредена работа, а не да се паркираат возила на вработени во јавни институции. Во Скопје паркирањето во центарот чини од 45-60 денари, а во Куманово 30 денари час. Од таа сума 10 денари се за комунални такса која ја одредува државата, 5 ден за СМС пораки и 15 денари за ЈП „Кумановопаркинг„- нагласи претседателката.