×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е во паника

    19.10.2010 13:01 | KumanovoNews

     Раководството на општинската организација на СДСМ ја обвини ВМРО-ДПМНЕ за лепење на плакатите против нивниот лидер Бранко Црвенковски, и рекоа дека тоа е доказ за паниката што владее кај политичкиот опонент што троши народни пари за вулгарни кампањи.

    СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е во паника

    Во секоја нормална држава опозицијата ја критикува и напаѓа владеачката гарнитура,но во Македонија со Груевски на власт се е наопаку, па оние што тераат петта година на власт во паника прават прес-конференции полни со омраза и лепат плакати ширум Македонија небаре сме во предизборен период.Господа од власта, безидејноста на ВМРО-ДПМНЕ  е повеќе од очигледна,а стравот од Бранко Црвенковски се претвора во паника. Во паника сте по нашите митинзи на кои народот покажа дека не се плаши да го покаже незадоволството од Вас, бидејќи пета година како Македонија се дави во безработица, сиромаштија и корупција. Деновиве Куманово како и другите градови во Македонија осамна облепено со плакати против Бранко Црвенковски. Некои кутри луѓе си го уништиле викендот лепејќи плакати цели ноќи и сеуште не застануваат. Ова само го потврдува очајот на ВМРО-ДПМНЕ. Изразуваме задоволство од реакцијата на граѓаните кои во знак на револт го отстрануваат плакатите и прашуваат за што ВМРО и Груевски ги трошат нашите пари. Ова само го потврдува фактот дека СДСМ е на вистински пат. Реалноста неможе да се смени. Ние ќе ги насочиме кон нешто покорисно, бидејќи на народот му е здодеано од партиски преписки и меѓусебни обвинувања. Потребни се решенија за излез од оваа состојба. Вие господи од власта знаете дека Бранко Црвенковски е тука со народот и со СДСМ и сите заедно сме подготвено да ја поразиме оваа ненародна власт -рече претседателката Снежана Захариева на денешната прес-конференција.