×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се асфалтира улицата „Среќко Пужаљка“

    09.08.2017 10:55 | KumanovoNews

    Започна асфалтирањето на улицата „Среќко Пужаљка„, откако заврши рекострукцијата на канализационата мрежа.

    Се асфалтира улицата „Среќко Пужаљка“

    Вчера беше поставен првиот слој на асфалтот и дел оа бекатонот на тротоарите, а во наредните неколку дена целосно ќе завршат работите на терен.

    Ова е една од најстарите улици во централното градско јадро во Карап маало.Улицата е долга 290 метри, а 190 метри се тротоарите со бакатон. Проектот се финансиран од пари од буџетот на оштината, - изјави градоначалникот Зоран Дамјановски.

    На поплаките на граѓаните дека нивото на улицата е повисоко од куќите, а поради немање на атмосферска канализација постои опасност од поплави, градоначалникот рече дека улицата е асфалтирана по веќе постоечките коти кои се дадени во ДУП и  неможело ништо да се смени.

    „Кога правиме реконструкција на стари улици секогаш има проблеми. Луѓето мора да имааат разбирање, ако не завземеме генерален став дека улицата мора да се движи по таа квота што е предвидена тогаш ќе имаме отстапувања на нивото на улицата поради кое секогаш ќе има незадоволство кај граѓаните. Тие реакции се можеби оправдани за нивниот комодитет, меѓутоа и тие треба да сфатат дека треба да ги адаприраат нивните пристапи према дадена состојба, - рече Дамјановски.

    Тој додаде дека поставувањето на атмосферската канализација е проблем кој треба да се решава во наредниот период во целиот град, а не само на оваа улица.

    Градоначалникот најави дека до почетокот на учебната година ќе заврши и реконструкцијата на останатите улици околу гимназијата „Гоце Делчев“.