×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се бара исчезнатото девојче

    14.04.2010 14:40 | KumanovoNews

     Три дена нема трага од петгодишната Мирсада Хелдовиќ од населбата Бавчи, што во понеделникот попладне исчезнала додека се играла со својата сестра близначка. Роднините се и полицијата го бараат детето за кое се сомневаат дека некој го украл.

    Се бара исчезнатото девојче

     Мислам дека детето се излажало, му дал некој чоколада или пари и го грабнал.Тоа е момент,за пет минути да го снема детето од дворот, тоа е чудо - вели бабата Надире Рамадани.

    Сиромашното семејство очајно од она што им се случи, бара од полицијата да ја интензивира потрагата и апелира да сите надлежни институции да им помогнат.

     Ги молиме луѓето од Центарот за социјални работи и градоначалникот да дојдат да ни дадат барем поддршка и да ни помогнат да го најдеме детето. Семејството живее во најголема беда, а сега уште и оваа несреќа ни се случи. Снаа ми треба да се породи и се наоѓа во многу тешка психичка состојба, а никој не ја гледа - вели Мевљам Ајдаровски, чичко на исчезнатото дете.

    Од полицијата велат дека работата на случајот и во интерес на истрагата и не соопштуваат детали за посоченото возило што било видено во близина на куќата.

    Девојчето има пречки во развојот и последен пат го видела баба му како си игра со другарчињата близу семејната куќа. Од тогаш му се губи секаква трага. Жителите на Бавчи тврдат дека во последно време во населбата се движел црн џип со бугарски регистарски табички и претпоствуват дека луѓето во него го грабнале детето.

      По исчезнувањето на двете петгодишни деца во Средорек и Бавчи владее страв и жителите се плашат за безбедноста на своите деца.