×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се доставуваат решенија за данок на имот

    10.07.2018 14:27 | KumanovoNews

    Општина Куманово преку Секторот за даноци и такси, повеќе од еден месец ги доставува решенијата за данок на имот на граѓаните за 2018 година.

    Се доставуваат решенија за данок на имот

    Станува збор за 33.833 обврзници, кои во 2018 треба да го платат данокот согласно Законот за даноци на имот.

    - Секторот за даноци и такси работи и на ажурирање на базата на даночни обврзници, во смисла промена на даночен обврзник, промена на квадратура и др.Поради тоа ги повикуваме граѓаните да соработувааат со нашите доставувачи, уредно да ги примаат даночните Решенија и доколку има потреба од некаква корекција да се упатат во просториите на Сектор за даноци и такси поранешна зграда на Козјак, спроти градскиот стадион, - изјави   Андријана Недељковски, овластен раководител на Секторот за даноци и такси.

    Истовремено се врши и достава на опомени за неплатен данок на имот на правни лица и за не платена фирмарина за 2017 година.

    - Ги повикувам даночните обврзници уредно да си ги платат своите обврски во предвидениот законски рок, во спротивно ќе пристапиме со присилна наплата. Физичките и правни лица на територија на Општина Куманово, сите промени во дел на имотна сотојба на недвижности да го пријават во архивата на Општина Куманово, со имотен лист не постар од 6 месеци и соодветна даночна пријава, - додава Недељковски.