×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се е подготвено за новата учебна година

    31.08.2010 14:17 | KumanovoNews

    Oколу 12,5 илјaди основци и 7200 средношколци во Куманово утре тргнуваат на училиште. Надлежните од Општината велат дека се е подготвено за стартот на новата учебна година.

    Се е подготвено за новата учебна година

    Подготовките се заврешени во текот на летото, така што локалната самоупрва успеа да ги обезбеди сите материјално-технички услови за почеток на образованиот процес. Готови се подготовките околу бесплатен превоз на учениците, набавката на енергенси за греење, а училиштата го  обновија инвентарот, пред се клупите, прозорците, варосување на просториите. Министерството за образование извршило набавка на учебниците и донесени се наставните планови - вели Миле Стојменовиќ, началник на секторот за образование.

     Во новата учебна година во Куманово досега се запишани околу 1400 првачиња , за кои утре во сите 16 основни училишта ќе се организира свечен прием.

    Запишувањето на првачињата се вршеше до денес, така што официјалната бројка на запишаните деца во прво оддление ќе може да ја очекуваме по 1 септември. Се надеваме дека ова година нема да имаме отсипување на првачињата и проблемите со осипувањето на ромчињата успешно ќе ги надминеме - вели Стојменовиќ.

    Просторниот проблем за учениците од основното училиште „Бајрам Шабани„ од 5 до 8 се очекува да биде решен до почеоткот на октомвври кога ќе бидат предадени во употреба новите училници во „Толи Зордумис„.