×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се ловат кучиња скитници

    25.03.2010 14:45 | KumanovoNews

    Започна заловувањето на кучињата скитници во градот. Досега се фатени триесетина кучиња, а во наредниот период ќе бидат отстранети и останатите што ќе се најдат по градските улици.

    Се ловат кучиња скитници

    „Кучињата се заловуваат со кафези и специјална опрема. Се употребуваат седативи и вакцини. Кучињата што се болни се третираат, а оние кои се здрави се дислоцираат подалеку од градот на неколку локации во приградските и селските средини“ - вели Гордан Таневски, комунален редар од Секторот за инспекција.

    Кумановската фирма „План Медика“ за цена од 5000 евра го доби тендерот што го распиша локалната власт. Во претходната акција беа уловени 150 кучиња.

    Граѓаните може да пријавуваат присуство на кучиња скитници во инспекциската служба или преку месните заедници. Во градот постојат неколку критични локации каде што се движат кучињата скитници,кои во повеќе слиучаи ги напаѓаа граѓаните.