×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се одржа маскенбалот „Батко Ѓорѓија 2018“ (галерија)

    13.05.2018 08:33 | KumanovoNews

     За најдобри се прогласени маските: „Пиано“ од учениците во земјоделското училиште „Киро Бурназ“, „Лебедово езеро“ од ОУ „Толи Зордумис“ и „Мали сликари“ од градинката Буба Мара.

    Се одржа маскенбалот „Батко Ѓорѓија 2018“ (галерија)

     На градскиот плоштад во Куманово вчера попладне по 14. пат се одржа ученичкиот маскенбал  „Батко Ѓорѓија“.

    Над 1000 учесници од градинките, основните и средни училишта, со индивидуални и групни маски продефилираа низ кумановските улици. Редовни гости во ревијалниот дел беа учениците од струмичките средни училишта, со маски од Струмичкиот карневал.

    Тричленото стручно жири за најдобри ги оцени маските: „Пиано“ од учениците во земјоделското училиште „Киро Бурназ“, „Лебедово езеро“ од ОУ „Толи Зордумис“ и „Мали сликари“ од градинката Буба Мара.

    Присутните ги поздрави и маскенбалот го отвори градоначалникот Максим Димитриевски.

    „Благодарение на најмладите ние сме секогаш среќни, а благодарение на ваквите настани секогаш и ние ќе бидеме млади. Многу успех на сите и нека победи најкреативната и најубавата маска“, - изјави градоначалникот Димитриевски. Тој упати благодарност до родителите, учениците, учителите, професорите и сите други кои се заложија да се одржи една ваква креативна манифестација.

    За разлика од минатите години, оваа година маскенбалот се одржа во попладневните часови за да се избегнат пладневните жештини, но променливото време и дождот ја расипа организацијата и ја намали посетеноста.

    Маскенбалот „Батко Ѓорѓија“ се одржува под покровителство на градоначалникот и Советот на Општина Куманово, а во организација на Фондацијата за култура и спорт.