Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Четириесетина волонтери од Куманово, Велес, Кочани, Крива Паланка и Карпош, учествуваа на младинскиот едукативен камп на магалитската опсерваторија Кокино, кој го организираше Црвениот крст.
„Кампот имаше за цел да ги надгради волонтерските капацитети преку едукативни работилници за ХИВ-СИДА, комуникациски вештини и тимска работа, мотивација и говорништво. Воедно волонтерите преку евалуација на предходната сезона 2016-2017 ги споделија искуствата од спроведените акции и преку научени лекции во иднина ќе знаат правовремено и поефикасно да дејствуваат во исти или слични ситуации, - соопштуваат организаторите.
Кампот беше подржан и од неколку локални општествено одговорни претпријатија и граѓани.