×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се почесто кучиња напаѓаат граѓани

    15.10.2010 12:55 | KumanovoNews

     Сопственици на две агресивни кучиња, деновиве добија кривични пријави за предизвикување на општа опасност откако нивните миленици изгризале дете и девојка минатиот месец.

    Се почесто кучиња напаѓаат граѓани

     Петгодишно девојче од Крива Паланка било нападнато од куче во дворот на една фабрика, а од касањето на песот се  здобило со повреди на стомакот и на левата потколеница. Во вториот случај двесети шест годишна девојка е касната од куче на соседот. Додека се шетала низ селото Младо Нагоричане била нападната од кучето кое било одврзано. Обидувајки се да се спаси била изгризана по двете дланки.

    Кумановци бараат полицијата и другите надлежни институции да превземат соодветни мерки за сузбивање на ваквите појави.

    Градот врие од кучиња, независнио дали се скитници или домашни миленичиња. Некогаш се поопасни чуваните кучиња. Нивните сопственици ликуваат кога ги шетаат низ градот и не им ставаат заштитни корпи. Станува збор за големи и ухранети кучиња од кои многу често можат да се одбранат деца и старите луѓе -коментираат граѓаните.

    Во Општата болница потврдуваат дека најмалку четворица граѓани неделно бараат помош со повреди добиени од кучиња. Локалната самоупара уверува дека до 2011 година ќе биде изграден стационар во кој ке бидат згрижени кучињата скитници. Во Куманово слободно шетаат иљада кучиња.