Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Едно лице е потешко поврдено во сообраќајната несреќа на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка.
Сообраќајката се случила вчера во 13.45 часот на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка, во село Псача на место викано „Бунар“, помеѓу патничко возило фолксваген- пасат со бугарски регистарски ознаки, управувано од П.Н.(48) од Скопје и патничко возило мерцедес со албански регистарски ознаки, управувано од А.А.(46) од Република Албанија.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил П.Н., кој бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ -Скопје.