×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се урива објектот пред Центарот на култура

    15.04.2019 10:43 | KumanovoNews

    Се урива угостителски објект на малиот плоштад пред Центарот за култура.  Од рано утринава, со полициска асистенција започна отстранување на објектот изграден пред повеќе од 15 години.

    Се урива објектот пред Центарот на култура

    Од Општина Куманово велат дека уривањето уследило откако сопственикот по добиено решение, не го отстранил објектот во законски даден рок.

    „Во судската постапка констатирано е дека објектот кој се наоѓа на улица „Маршал Тито“ не поседува решение за поставување на привремен објект ниту има дозвола за градба. Се наоѓа на зелена површина и од страна на инспекциските служби е доставено решение за отстранување во даден законски рок и решение за административно извршување, и бидејќи не е постапено по решенијата се пристапи кон негово уривање, - информираат од Инспекторатот.

    Сопственикот на објектот во 2016 година започнал постапка за негова легализација, која што му е одбиена од Општина Куманово.

    Градоначалникот Максим Димитриевски, вели дека акцијата за уривање на бесправно изградени објекти на јавни површини започнала во февруари, а ќе продолжи и во наредниот период.

    „Првата интервенција е направена во Дива Населба, со уривање на дивоизграден ѕид во подрачјето на автопатот, кој претставуваше опасност за граѓаните. Потоа, по барање на Општината во постапка за извршување, неколку сопственици сами ги отстранија објектите од времен карактер, кои немаа регулиран статус. Минатата недела отстранета е летната бавча на ресторанот „Милано“ во центарот на градот, како и уште на еден угостителски објект на истиот локалитет. Акцијата продолжува денеска во централното градско подрачје на новиот плоштад“,- изјави градоначалникот Максим Димитриевски.

    Градоначалникот најави дека акцијата ќе продолжи согласно финансиските можности на Општината и во наредниот период ќе бидат отстранети објекти без регулиран правен статус.