×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се возобновуваат Поткозјачки литературни средби

    26.10.2018 09:30 | KumanovoNews

    Во салата на Домот на занаетчии вечерва во 19 часот ќе се одржат "Поткозјачки литературни средби". Манифестацијата се возобновува по две децении.

    Се возобновуваат Поткозјачки литературни средби

    Ќе учествуваат поетите и писатели:Ана Љубиќ, Биљана Станковска, Вања Изова Велева, Елена Пренџова, Катерина Димитриевска Арсеновска, Кристина Николовска, Љерка Тот Наумовска, Марина Мијаковска, Мито Спасески, Оливера Доцевска, Перо Сарџоски, Сања Атанасовска, Снежана Стојчевска, Стојан Тарапуза, Трајче Кацаров и Христо Петрески.

    Возобновувањето на Поткозјачки литературни средби како национална литературна манифестација, е под покровителство на градоначалник и Советот на Општина Куманово, а во организација на "Јустиција" и Центар за култура и културолошки студии, со поддршка на Центар за култура "Трајко Прокопиев" Куманово.

    Манифестацијата се организира во рамки на Ноемвриски денови во чест на 11 Ноември- Денот на ослободување на Куманово.

    Во културно-уметничката програма ќе учествуваат: Мартија Станојковиќ, хорот на “Здружение на пензионери” Куманово, КУД „Ѓоко Симоновски“, Денс Студио МАК , соло настап на Мила Јосимовска, дуо настап Ива Јаќимовиќ и Нина Јосимовска, Танцовиот тим Fusion, танцов клуб Динамик и Габриела Божиновска - интерпретација на Очи од Ацо Шопов.