500x100-1
15. 02. 2019 14:48

Се запали цистерна на патот Куманово-Крива Паланка

Се запали цистерна на патот Куманово-Крива Паланка

 На магистралниот пат Куманово-Крива Паланка во селот Ругинце, синоќа се запали цистерна со косовки регистарски таблички.

Пожарот избувнал во 22.30 часот, додека товарното моторно возило се движело.

Во пожарот била зафатена кабината на возилото, а повредени лица нема.

Пожарот бил изгаснат од екипа од Територијалната противпожарна единица Куманово.

Увид ќе врши во текот на денот.