×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се зголемува бројот на домаќинста приклучени на гас во Куманово

    21.06.2019 08:07 | KumanovoNews

    Јавното претпријатие „Куманово гас“ приклучи на гас уште една станбена зграда со 30 станови, информираше директорот на претпријатието, Никола Денковски.

    Се зголемува бројот на домаќинста приклучени на гас во Куманово

    Денковски потенцираше дека со приклучокот на оваа единица, расте бројот на физички лица кои ќе користат природен гас за загревање наредната грејна сезона. Во Куманово, гас користат преку 160 домаќинства од кои 40-тина куќи, останатите се станови

    „Неодамна е приклучена колективна зграда на булеварот Октомвриска револуција. Продолжуваме со трендот на позитивно работење како и претходните два квартали и да го зголемуваме бројот на приклучоци,“ рече Денковски.

    Во однос на субвенциите кои ги нуди општината за приклучок на гасоводната мрежа и кои изнесуваат 10.000 денари по приклучок, Денковски информираше дека  петнаесетина граѓани ја искористиле субвенцијата.

    Тој апелираше до граѓаните да дојдат во просториите на претпријатието, да добијат детални информации како да се приклучат на гас, кои се бенефитите од користењето на овој енегренс, колку ќе заштедат.