Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Се поголем број граѓани и стопански субјекти од Куманово даваат поддршка на граѓанската иницијатива „Не биди ѓубре“.
На последната еколошка акција кога се чистеше сметот околу Општата болница Куманово се приклучија повеќе граѓани од вообичаено.
„На последната акција имаше најголема присутност во споредба со претходните, но сепак заинтересираноста на граѓаните сеуште не е на задоволително ниво. Исто така, благодарение на „Бучен козјак", „Вегга“ и „Елида“ добивме алат кој сега е во наша сопственост и ќе го користиме во следните акции“, - вели Јована Спасиќ волонтер на „Не биди ѓубре“.
Активистите велат дека ќе продолжат со своите акции и ќе ја анимираат јавноста преку социјалните мрежи се со цел да ја постигнат целта за која се собрани, да ја разбудат свеста кај што повеќе граѓани за јавната чистота и за здравата животна средина во градот.
Околу болницата биле собрани над 40 вреќи ѓубре, а покрај останато имало мебел и медицински отпад. На оваа акција пластичните шишиња биле селектирани, се со цел да бидат рециклирани.
Во акцијата учествуваа и активистите на „Не биди ѓубре“ од Скопје".