×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Секоја локална самоуправа треба да има офицер

    04.01.2011 08:49 | KumanovoNews

     Општините се должни да определат лице, за заштита на лични податоци, наречено офицер, да донесат акти за видео надзор во општините и да донесат акти за технички организациски мерки за заштита на лични податоци со целосна документација.

    Секоја локална самоуправа треба да има офицер

     Ова е предвидено со новите измени и дополнувања на Законот за лични податоци, кои ЗЕЛС и Дирекцијата за заштита на лични податоци на денешната конференција им ги презентира на општините.

    Според законот, лицето кое ќе се определи за офицер за заштита на личните податоци треба да учествува во донесувањето одлуки поврзани со обработката на личните податоци, да ја следи усогласеноста со законот околу нивната обработка и да обезбеди тајност и заштита на обработката на податоците. Освен тоа,  офицерот ќе биде задолжен да ги изработува внатрешните прописи за заштита на податоците и да ја координира контролата.

    Согласно измените, општините со своите надлежности во наредниот период ќе имаат многу повеќе одговорности за тоа на кој начин се комуницира со физичките и правните лица во поглед на остварување на нивните права и интереси за штитење на нивните елементарни уставни и човекови права, како што е и правото на приватност.

     Поставувањето на камери значи безбедност и превенција, што треба да обезбеди функционирање, ажурност и зголемување на квалитетот во работењето на институциите и на општините.