×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Семејствата на стечајците со скромна трпеза за празниците

    06.01.2015 16:05 | KumanovoNews

    Со скромна божиќна трпеза, семејството на стечајниот работник Младен Георгиевски ќе ги прослави големиот христијански празник Бадник и Божиќ.

    Семејствата на стечајците со скромна трпеза за празниците

    По 19 години работа во авто сервис Куманово, од 2010 година па наваму Георгиевски е без работа и без постојани месечни примања. Неговото четиричлено семејство живее со 4500 денари, пари кои како технолошки вишок ги добива неговата сопруга. Младен го затекнавме денеска на прославата на Бадник на Градскиот плоштад, додека се делаеа бадниковите гранчиња. Тој и неговото семејство, како вистински православни христијани, ги почитува сите обичаи и покрај тешките финасиски проблеми.

    Овоја празник како и многу други досега ќе го поминам скромно. Нема да се расфрламе, се подготвува посна храна, гравче, риби. За нас  стечајците е многу тешко бидејќи останавме на улица. Децата ми се полнолетни и невработени. Би порачал да се реши веќе еднаш ова со стечајците, не само за мене, туку за сите. Со 4500 денари се живее многу тешко, не можеме ни давачките кон државата да ги платиме. Се задолжуваме и така преживуваме - рече Георгиевски.

    Тој се надева дека 2015 година ќе биде побериќетна, посреќна од претходната и дека финансиската состојба на неговото семејство и на многу други ќе се подобри.