×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Силвија„ премиерно во Кумановскиот театар

    10.05.2010 14:02 | KumanovoNews

     Во Кумановскиот народен театар во среда премиерно ќе биде изведена претставата "Силвија" од Гурнеј  во режија на Драгана Милошевска Попова. Во претставата играат  Јасмина Василева, Горан Илиќ, Кети Дончевска-Илиќ и Ивица Димитријевиќ.

    „Силвија„ премиерно во Кумановскиот театар

     Костимограф е Мери Ѓеоргиева, а сценографија Владо Ѓорески. Силвија е драма за куче и брачна двојка, каде што преку ликот на Силвија се поставуваат есенцијални прашања на индивидуата и општеството, нашите стремежи и можности, но и вистинските потреби кои се заборавени во општествениот систем на вредности.

    Уличен пес доаѓа во семејството на Грег и Кејт и настанува промена на нивниот живот, откако ќе влезе Силвија во нивниот дом. Се работи за драма во која има многу комични  елементи,но истовремено има и многу сериозни теми кои пробавме да ги покажеме од една друга перспектива- рече режисерката Драгана Милошевска Попова.

     За сценските движења во претставата е задолжен Васил Зфирчев кој истакна дека е возбуден што претставата пред се ќе се  одигра на мала сцена, каде што публиката ќе биде дел од апартманот од сценската приказна.

    Во овој проект работам од друг аспект, станува збор за сценското движење  не станива збор за класични движења,туку подразбира ситуации кои произлегуваат од самата драматургија на текстот. Тој е така пишуван со јасно дефенирани ликови и ситуации кои треба сериозно да се одиграат.Со самото тоа што се посериозни се истовремено и покомични. Се надевам дека оваа претстава долго време ќе се игра, не само во Куманово,туку и во Македонија-рече Васил Зафирчев.

    Оваа претстава премиерно ќе се одигра во Македонија, а прв пат е поставена 1995 година во Америка, а улогата ја играла Сара Џесика Паркер.