×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • СИПР ќе реализира проект "Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“

    21.02.2019 12:48 | KumanovoNews

    Североисточниот плански регион (СИПР) во наредните 6 месеци ќе реализира проектот- регионален форум во заедницата, кој има за цел да го зајакне граѓанското учество во процесите на одлучување на регионално ниво.

    СИПР ќе реализира проект "Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“

    Основна цел на проектот е да се подобрат постојните партнерства помеѓу локалните и регионални ентитети и да се креираат нови партнерста на локална и регионална основа, со цел да се изнајдат поефикасни решенија за проблемите од интерес на целата заедница.

    Граѓаните од од Североисточниот плански регион ( жителите на шест општини од регионот: Куманово, Липково, Старо Нагоричане, Кратово, Ранковце и Крива Паланка) ќе имаат можност самите да одлучуваат за проектните идеи и предлог проекти кои ќе се реализираат во рамки на четири теми дефинирани со проектот  "Одржлив и инклузивен рамномерен  регионален развој" и тоа од областа на туризам, животна средина, бизнис инфраструктура и социјална инклузија.

    Форумот финансиски е подржан од Швајцарската Агенција за развој и соработка  а се реализира во соработка со  Министерството за Локална Самоуправа, како дел од проектот  "Одржлив и инклузивен рамномерен  регионален развој".

    Првата форумска сесија од регионалниот форум во заедницата ќе се одржи утре во 12 часот во ресторан Грација во Куманово.