×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Сите треба да се срамиме од состојбата на Спомен костурницата, порача Димитриевски

    10.05.2018 12:12 | KumanovoNews

    Не само јас како градоначалник туку сите треба да се срамиме од состојбата во која се наоѓа Спомен костурницата на паднатите борци од НОБ, изјави градоначалникот Максим Димитриевски по обвинувањата на Левица дека споменикот се наоѓа во очајна состојба.

    Сите треба да се срамиме од состојбата на Спомен костурницата, порача Димитриевски

    Првиот човек на градот ги обвини несовесните граѓаните дека со своето недолично и вандалско однесување секојдневно го оштетуваат споменикот, а државата со години не преземала ништо за негова заштита иако Општината во рамките на своите надлежности го одржува зеленилото.

     „Локалната самоуправа презеде одредени активности заедно со јавните претпријатија делумно да ја средиме и уредиме зелената површина на Спомен костурницата, и да ја исчистиме. Но, за жал останатиот дел е во надлежност на Министерството за култура, а самите знаете дека споменикот е осквернавен повеќепати, испишани се погрдни графити, уништени се дел од криптите и спомен плочите. Побарав од Министерството за култура и од министерот да излезе на лице место заедно со претставници на Конзерваторскиот центар. Најавена е посета за следната недела за да се реши проблемот со Спомен костурницата и со останатите спомен обележја во Куманово од НОБ, кои последните 12 години беа оставена на забот на времето. Локалната самоуправа нема одговорност, но заедно со Владата ќе направиме се Спомен костурницата да ја доведеме во ред, за да не се срамиме од состојбата во која се наоѓа“, - изјави Димитриевски.

    Градоначалникот најави дека и во иднина 9 Мај ќе се одбележува во централното градско подрчаје пред Споменикот жена борец, за да граѓаните се вклучат помасовно во чествување на празникот.