×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Скокнал од возилото да побегне од полиција, се судрил со друг автомобил

    14.08.2018 13:50 | KumanovoNews

    Вистинска драма се случувала завчера во центарот на Куманово, додека полицијата бркала криумчар на мигранти, кој го следела од наплатната рампа Романовце.

    Скокнал од возилото да побегне од полиција, се судрил со друг автомобил

     Во обид да избега, возачот скокнал од возилото кое го управувал по што удрил во паркиран автомобил.

    Инцидентот се случил во неделата (12.08.), а започнал на автопат Скопје-Куманово, после наплатна рампа „Романовце“, кога полициски службеници дале знак за запирање на товарно возило „Форд Транзит“, кое го управувал М.М.(30) од Богданци. Тој не застанал и продолжил со движењето кон Куманово. На булеварот „Трета МУБ“, во близина на Зелен пазар, пријавениот скокнал од возилото, по што тоа се судрило со друго паркирано возило. При преглед во возилото биле пронајдени 30 мигранти, од кои 28 од Пакистан и двајца од Авганистан,  меѓу кои и две малолетни лица.

     Регионалниот центар за гранични работи Север поднесе кривична пријава против М.М.(30) од Богданци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело криумчарење мигранти.