×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Слаб одзив за задолжителното вакцинирање на девојчињата

    22.02.2010 15:41 | KumanovoNews

     Од вкупно 1120 девојчиња од шесто одделение во кумановските основни училишта само 213 ја примиле задолжителната вакцина ХП против ракот на грлото на матката. Послаб интерес за вакцинирање имало во училиштата на македонски јазик, додека многу поголем бил одзивот кај албанските.

                                                        

    Слаб одзив за задолжителното вакцинирање на девојчињата

     Лекарите велат дека првичната голема заинтерсираност кај родителите опаднала поради барањето за нивна согласно за вакцинирање, а дополнително паднал интерсот и поради негативаната кампања за квалитетот на вакцината во некои земји.

      Мината година ХП вакцината ја примиле и 250 девојки на возраст од 12 до 26 години, а само во последните три месеци, 54 жени сами се пријавиле на вакцинација.  Од Заводот за здравствена заштита во Куманово велат дека досега во ниту еден случај немало контраиндикации.

      Лекарите тврдат дека вакцина е целосно безбедна и делива до крајот на животот. Во себе не содржи никаков тип на вирус, туку само протеинска терапија. Со ХП вакцината се создава имунитет кој е 15 пати посилен од вирусот. Се препорачува за девојчињата од 12 години, но можат да ја примаат и постарите жени.