×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Сликите од старите занаети на витраж на стакло

    01.03.2019 15:46 | KumanovoNews

    Десет жени и петмина мажи во наредните 5 месеци ќе поминат обука за изработка на витраж на стакло, како дел од проектот „Традицијата низ слики“, што го имплементира здружението на жени „Коло на српските сестри од Куманово“.

    Сликите од старите занаети на витраж на стакло

    Денеска започна имплементацијата на проектот за зачување на традицијата на стари занаети од Куманово, кои веќе изумираат на некој начин. Ние сакаме на еден поинаков начин да ги заштитиме и зачуваме од заборав, со пренесување преку посебна техника со витраж на стакло. На крајот од проектот ќе се организира продажен базар, а средствата ќе бидат наменети за луѓето кои ќе поминат обука за да творат во домашни услови. Тоа ќе биде еден начин на самовработување, - изјави Живка Христовска, координатор на проектот „Традицијата низ слики“, во рамките на регионалната програма за локална демократија на Западен Балкан, финсирана од ЕУ.

    Проектот ќе трае 8 месеци, а во него учествуваат и здруженијата на жени „Мајка“, Сирма и Куманово-виор. 

    Проектот е помогнат и од Општина Куманово во износ од 20 отсто од проектот.