500x100-1
30. 04. 2010 15:10

„Слободата е мојата омилена боја„ претставена пред граѓаните

„Слободата е мојата омилена боја„ претставена пред граѓаните

 Во Центарот за култура денеска беше отворена изложбата од работлиницата "Слободата е мојата омилена боја" што ја реализира невладината организација "Цивил" со средства од Швајцарската агенција за развој и амбасадата на Норвешка.

 Во ликовната креатвина работлиница учествуваа ученици од основните и средните училишта од Куманово од макеоднкста и албанската етничка заедница.Учениците работеа заедно и ги изразија своите идеи за поубав град преку ликовниот израз.

Задоволен сум од креациите и посветеноста во проектот. Тоа беше и целата- зближување на учениците од различните етнички групи.Проектот опфаќа три града Куманово, Струга и Кичево и продолжува понатаму со други содржини, кои ќе придонесат за надминување на етничките бариери. Децата и младите ја сфатија идејата и ние возрасните треба да учиме од нив, кои знаат да донесуваат мудри и пред се искрени решенија - изјави Џабир Дерала од Цивил.

Во рамките на изложбата во Куманово изложени се 40-тина дела-креација на младите, а во проектот од трите града во таргет групата беа вклучени над 1500 ученици.