×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Слободни места за студентите по бизнис администрација на албански јазик

    02.09.2010 08:57 | KumanovoNews

    Во наредните три дена ќе трае уписот на студентите на Тетовскиот универзитет за дисперзираните студии на албански јазик во Куманово. На факултетот во првиот уписен рок се запишале неколку студенти Македонци, кои предавањата ќе ги слушаат на албански јазик, а ќе полагаат на македонски.

    Слободни места за студентите по бизнис администрација на албански јазик

    Според информациите од деканот Метуш Сулејмани, слободни места има само на студиите кои сакаат да студираат бизнис администрација.

     На факултетот има место за околу 100 студенти по бизнис администрација, кои сами ќе си го финансираат школувањето. Тие плаќаат по 200 евра од семестар. Додека сите места за студиите по јавна администрација се пополнети во првиот уписен рок - вели Сулејмани.

    Во првиот уписен рок во државна квота се примени 200 студенти по бизнис и 20 за јавна администрација. На факултетот конкурирале и се запишале неколку студенти Македонци, кои предавањата ќе ги слушаат на албански јазик, а ќе полагаат на македонски.