×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Снежна мeќава во Куманово

    08.03.2010 12:52 | KumanovoNews

    Снегот што утринава почна да паѓа од пладне се интензивира.Вистинска снежна меќава го зафати градот и предизвика проблем на пешаците и возачите. Снежната покривка достигна 8  сантиметри и во март ги изненади граѓаните.

    Снежна мeќава во Куманово

    На градските сообраќајници нема поголеми во одвивање на сообраќајот. Екипите на фирмата „Билдинг“, излегле на терен и ги расчистуваат улиците. Според информациите од Секторот за урбанизам,досега се фрлени 40 тони сол. Се чистат и патиштата кон селата. Приоритет се наугорнините, раскрниците и мостовите каде што сообраќајот се одвива поотежнато.

    Метеоролозите најавуваат влажна и снежна недела проследена со засилен ветер од источен правец. Студено и снежно време ќе биде и утре особено во претпладневните часови.