×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • СНС: ДПСМ гласаше против српскиот јазик во Старо Нагоричане

    12.05.2010 13:05 | KumanovoNews

     Српската напредна странка  ја осудува одлуката на советниците на Демократската партија на Србите во Македонија од Старо Нагоричане, да гласаат против нивниот предлог да се стави на дневен ред точка за воведување на српскиот јазик за втор службен јазик во Општината.

    СНС: ДПСМ гласаше против српскиот јазик во Старо Нагоричане

     На седницата што  денеска се одржа, коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, која во јавноста се залага за мултиетичност во време кога Македонија преседава со Советот на Европа, иницијативата на Српската напредена странка за официјализирање на српскиот јазик во Општината беше одбиена. Со ваквиот гест градоначалникот Миодраг Јовановиќ, кој е од редовите на ДПСМ, а кој кумуваше на ваквата одлука докажа уште еднаш како многупати досега, дека нема сенс за зачувување на нациналниот идентитен на Србите - се вели во соопштението на СНС.

    Од партијата апелираат до сите политички субјекти во Општината Старо Нагоричане да изнајдат внатршни сили за хармоничен соживот во мултиетничката средина.